Во завршна фаза затворањето на стечајот на „Фени“

Bez autora
Oct 28 2018

До затворањето на стечајната постапка за „Фени“ останува уште една одлука на судот во Велес. Велешкиот суд неделава ја добил одуката од Апелациониот суд за стечајот, во која се бараат појаснувања на планот за реорганизација на фабриката по жалбата од „Кунико рисорсис“, во чија сопственост беше „Фени“ до стечајот. Појаснувањата се од административна природа. Се работи за дообјаснувања што ќе бидат спроведени во најкус можен рок, велат од „Еуроникел“, македонско претставништво на ГСОЛ, актуелен закупец на „Фени“. Планот за реорганизација на „Фени“ беше одобрен и прифатен од 98 отсто од доверителите во јуни и јули годинава.

Во завршна фаза затворањето на стечајот на „Фени“До затворањето на стечајната постапка за „Фени“ останува уште една одлука на судот во Велес. Велешкиот суд неделава ја добил одуката од Апелациониот суд за стечајот, во која се бараат појаснувања на планот за реорганизација на фабриката по жалбата од „Кунико рисорсис“, во чија сопственост беше „Фени“ до стечајот.

„Појаснувањата се од административна природа. Се работи за дообјаснувања што ќе бидат спроведени во најкус можен рок“, велат од „Еуроникел“, македонско претставништво на ГСОЛ, актуелен закупец на „Фени“.

Планот за реорганизација на „Фени“ беше одобрен и прифатен од 98 отсто од доверителите во јуни и јули годинава. Покрај задржување на работа на сите 800 вработени, кои го имаат истиот статус и за време на стечајната постапка, планот предвидува зголемување на производството, стартување на втората печка и создавање можности за нови работни места.

„Најдобрите практики и почитувањето на највисоките меѓународни стандарди се клучните карактеристики на нашите инвестиции и како досега ќе продолжиме да ги следиме насоките што ги бара стечајниот процес. Веруваме дека ова ќе биде направено брзо и ефикасно, со цел да се заштитат работниот век на фабриката и сите заинтересирани страни, меѓу кои клучни се вработените и доставувачите. ‘Фени’ е на пат повторно да стане најголем извозник во земјата со највисока додадена вредност, па оттука и главен учесник во БДП на земјата“, рече Маркос Камис, директор на ГСОЛ.

ГСОЛ преку „Еуроникел“ на почетокот на годинава ја рестартира фабриката, ги задржа на работа сите вработени и паралелно со стечајната постапка од комапнијата велат дека произвеле 7.000 тони никел, што е повеќе од целото производство во 2017 гопдина, а до крајот на годината очекуваат производството на никел да надмине 10.000 тони. Од компанијата велат дека за транспорт ангажирале 200 локални компании и повеќе од 1.000 домашни и странски снабдувачи на материјали.

„Преку договорот за соработка со глобално позициониран учесник во индустријата ‘Фени’ одново ја воспостави својата позиција како клучен двигател на македонската економија, значително придонесувајќи за нејзиниот раст и развој. Спасувањето на ‘Фени’, по периодот на лошо раководење и нестабилност, веќе резултира со поттикнување на локалната економија преку секојдневно создавање нови работни места, директно и индиректно“, вели Герасим Кујунџиев, директор на „Еуроникел“ ДООЕЛ Скопје.

За „Фени“ на крајот на минатата година беше отворена стечајна постапка со долг од 67 милиони евра и повеќе од 250 кредитори, чии побарувања беа неплатени. Како заинтересиран инвеститор ГСОЛ ги исплати доверителите и ги откупи долговите на „Фени“ и на таков начин стана најголем доверител на кавадаречката компанија, а по одлуката на собранието на доверителите и на стечајниот судија, од јуни и јули година стана и сопственик на „Фени“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik